Татко убил мајка во Велика Британија за да ја „избрише засекогаш“

Според Морган, Лакомба кажал дека спиел кога исчезнала неговата поранешна партнерка, но децата „велат нешто друго“. Едно од децата кажало оти тие се разбудиле во текот на ноќта, ги барале родителите но не можеле да ги пронајдат, па гледале телевизија на долниот кат.

464
ФОТО: Метро / ПА / Џим Бенет

Мајка е наводно убиена од таткото на три од нејзините пет деца, додека траела битката за старателство, пренесува „Метро“.

Телото на 46-годишната Сара Велгрин не е пронајдено, а таа за последен пат е видена во нејзиниот дом во Њу Аш Грин, Кент, Велика Британија на 9 октомври 2017 година – неколку дена пред 12-от роденден на нејзиниот син.

Нејзиниот поранешен партнер, 39-годишниот таксист Бен Лакомба е обвинет за нејзино убиство и криење на телото.

Обвинителката Алисон Морган рече дека мотивот за убиството е „да се избрише Велгрин од неговиот живот засекогаш“.

– И покрај неговите обиди да не остави трага, сепак не успеал во тоа. Всушност, тој оставил многу повеќе од тоа. Тоа што е оставено позади него покажува дека тој самиот е виновен за убиството на Сара Велгрин – додала таа.

Судиите слушнале дека ден по исчезнувањето на мајката, возилото на Лакомба било извалкано со кал, и покрај тоа што било чистено претходниот ден.

Според Морган, Лакомба кажал дека спиел кога исчезнала неговата поранешна партнерка, но децата „велат нешто друго“. Едно од децата кажало оти тие се разбудиле во текот на ноќта, ги барале родителите но не можеле да ги пронајдат, па гледале телевизија на долниот кат.

Според информациите со кои се располага, можно е несреќната жена да му кажала на Лакомба за тоа дека ја унапредиле, па дека ќе може да се исели заедно со децата.

Сара го навредувала Лакомба во пораките кои ги разменила ноќта на исчезнувањето со нејзиното момче Неил Џејмс.

Велгрин и Лакомба и покрај тоа што живееле заедно, се бореле за старателство на своите деца.

Семејството се загрижило кога Велгрин ја немало неколку дена, па нејзиниот син Левис го контактирал Лакомба, кој конечно го пријавил исчезнувањето на 11 октомври.

– Таа нема исчезнувано претходно, но има чуден живот, да речеме – одговорил тој на прашањето дали неговата поранешна партнерка исчезнувала и порано.

Тој додал дека расправија немало помеѓу нив, а таа му изгледала „како секогаш“ и „среќно“.

Лакомба го наведувал новото момче на Велгрин пред судот, а спомнувал и за жена која наводно го следела. Најпрвин тој се согласил да го предаде својот мобилен во полиција, но потоа се премислил. Кога си дошол од ноќна прошетка на својата мајка и кажал дека мобилниот го фрлил во реката бидејќи имало пораки за битката за старателство кои не сакал да „бидат изнесени“.

Лакомба е уапсен за убиството на 16 октомври. Судењето продолжува.

ФОТО: Метро / ПА / Џим Бенет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...