Татко повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, по што загинаа 14 лица, јави ТВ 21.
Таткото на Седат (фото) бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација.
Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.