Татко од Индија си го погребал бебето живо оти се родило со две глави

260
ФОТО: Профимедиа

Татко од Индија погреба живо 40-дневно бебе, бидејќи се родило „со две глави“. Ужасниот случај е регистриран во индиската држава Кашмир.

Заради дисфункција, бебето имало израсток на главата за кој таткото мислел дека е „втората глава“. Таа аномалија се покажала како многу тешка за семејството на бебето и таткото одлучил да го погреба близу градот Нохата.

Бебето, сепак, имало среќа – гробар поминал покрај местoто каде детето било закопано и успеал да го спаси. Подoцна ја повикал и полицијата.

По хируршката интервенција, отстранет му е израстокот на бебето што бил околу два килограма. Бебето веќе е отпуштено од болница и сега е кај неговиот чичко.

ФОТО: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...