Двојно убиство се случило синоќа во атарот на селото Слупчане, кај местото викано Слупчански бунар. Татко на возраст од 47 години и неговото деветгодишно синче, од село Опае, биле пронајдени со прострелни рани во автомобил „опел астра“ со скопски регистрации, потврдија од МВР за Плусинфо.
Сторителот за МВР е сѐ уште непознат. Убиството е пријавено синоќа во 22.40 часот во полициското одделение Матејче.
– Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од село Опае. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.