Татко и двајца синови нападнале полицајци на панаѓур во Шутка

88

Скопското јавно обвинителство поднело обвинение против три лица за напад на полицајци, соопшти Обвинителството.

Обвинетите татко и неговите два сина, на 15.9.2018 година, на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно ги нападнале и телесно ги повредиле шесттемина униформирани полициски службеници од полициската станица Чаир кои вршеле службено дејствие кое се однесува на работи од јавната безбедност.

Полициските службеници, заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот „фолксваген пасат“, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди.

Еден полициски службеник преку отворениот прозорец се обидел да го отклучи автомобилот и да го спречи обвинетиот во натамошните дејствија. Обвинетиот излегол од возилото и заедно со брат му и уште неколку други непознати лица физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Откако на помош пристигнале и други полицајци и обвинетите биле обезбедени, пристигнал нивниот татко, кој исто така започнал физички да се пресметува со полициските службеници.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...