Татко истепал ајкула за да ја спаси ќерка си, на која отпосле ногата ѝ била ампутирана

Девојката била однесена во болница и набрзо подложена на операција, но, за жал, лекарите морале да ѝ ја ампутираат ногата.

543

Пејџ Винтер (17), во неделата попладне, пливала на една плажа во Атлантик бич, во Северна Каролина, кога ја нападнала ајкула.
Нејзиниот татко Чарли, кој, освен како војник, работел и како пожарникар и болничар, брзо влетал во водата и, без двоумење се фрлил врз ајкулата.

Со силни удари успеал да ја избрка ајкулата и да ја спаси својата ќерка. Девојката била однесена во болница и набрзо подложена на операција, но, за жал, лекарите морале да ѝ ја ампутираат ногата, јави Би-би-си.

Нејзината баба Џенет соопштила дека нејзиниот син ја удрил ајкулата во главата пет пати, пред животното да ја пушти несреќната Пејџ.

Пејџ, која е посветена на заштитата на океанот и морскиот свет, сега е во стабилна состојба. Таа од болницата порачала дека се надева дека луѓето ќе продолжат да ги почитуваат ајкулите и нивното живеалиште, пренесува „Њуз хаб“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...