Татко го убил својот штотуку роден син, го фрлил во провалија

1610

Педесет и шестгодишен татко бил обвинет дека го фрлил своето дете во провалија, пренесува српски „Курир”.

Судот во Мостар му одредил притвор поради убиство.

Тој е под сомнение дека на 6 септември излегол од автомобилот и од патот во провалија ја фрлил носилката со штотуку родениот син.

Детето, кое претходно излегло со сопругата на монструмот од болница, починало од повредите. Според наводите на обвинителството, родителите биле договорени да го фрлат новороденчето.

Неговото исчезнување во полиција го пријавил дедото, татко на мајката на бебето. На семејството му било чудно што во домот немало бебе, а од породување мајката била пуштена сосем здрава.

Полицијата го пронашла бебето, откако убиецот ја одвел полицијата до местото каде што го фрлил.

Парот веќе имал три деца, кои Центарот за социјални работи им ги одзел поради насилство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...