Еден 54-годишен маж на островот Паг во Хрватска утринава ги фрлил своите четири деца од тераса од висина од околу шест метри од нивната куќа. Децата имале 3, 5, 7 и 8 години, јавуваат медиумите во Хрватска.
Двете повозрасни деца се тешко повредени и се на интензивна нега, додека помалите се вон животна опасност, пренесуваат хрватските медиуми. Таткото е приведен во полиција. Во моментот на инцидентот во куќата била и 43-годишната мајка.
Мажот се наоѓа во службени простории на полицијата која утрово во 6:47 часот ја примила дојавата. Сите околности и факти кои претходеле на инцидентот се утврдуваат.
Хрватските медиуми пишуваат дека се работи за проблематично семејство кое пред 10-ина година се доселило во Паг од Вировитица.