Таткото пукал во воздух откако синот го спречил да ја истепа мајка му

503

Во СВР Велес вчера околу 15 часот било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, по вербална расправија, В.А.(60) се обидел физички да ја нападне неговата сопруга Е.А.(52), но бил спречен од неговиот син Ј.А.(30). Според пријавеното, после тоа В.А. зел пиштол, но Ј.А. успеал да му го одземе, излегол надвор и испукал неколку куршуми во воздух. По преземени мерки, В.А. и Ј.А. биле приведени во СВР Велес за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...