Гоце Филиповски, таткото на 25-годишниот полицаец Филип Филиповски, кој беше избоден во дискотека во село Марино на Фејсбук пишува дека неговиот син немал нож со себе критичната вечер кога се случил инцидентот.
„Мојот син немал со себе нож во дискотеката, како што имале сторителите на инцидентот“, вели Филиповски кој се сомнева дека власта се обидува да ги заштити осомничените за нападот, браќата Цветковски, кои се синови на поранешниот градоначалник на СДСМ, Звонко Цветковски, советник во МВР.