Таткото на зетот убиец во Србија: Не знам што му направи таа жена, како да беше маѓепсан

854
ФОТО: Курир.рс / С.С.

Не знам што му направи таа жена, како да беше маѓепсан. Имаше забрана за доближување, а сакаше да ги види децата. Ова биле зборовите на Лазар Плавшиќ, таткото на Славко, зетот кој до смрт претепа 61-годишник.

За 30-годишникот соседите рекле оти бил злобен човек, но неговиот татко тврдел дека тој бил како „под магија“, пренесува „Курир.рс“.

Според таткото, Славко за време на злосторството бил пијан.

И самиот бил жртва на својот син.

– Со нож нѐ избоди мене и другиот мој син. И тогаш беше пијан. Не е осудуван бидејќи не го пријавивме. Не е точно дека син ми е алкохоличар, но кога ќе се напие, не е истата личност. Точно е тоа дека таа жена ни се јави да ни каже дека Славко го убива нејзиниот татко, но не отидовме бидејќи не знам што би се случило – додал Плавшиќ.

ФОТО: Курир.рс / С.С.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...