Таткото на Бритни Спирс ослободен од обвинението за напад на внукот ФОТО

Функцијата старател до јануари 2020 година, ќе ја има долгогодишната менаџерка на Бритни, Џоди Монтгомери.

389

Американскиот судија Грегори Тотен го ослободи таткото на пејачката Бритни Спирс (37), Џејми, од обвиненијата за наводен напад врз 13-годишниот син на пејачката. Според Тотен, немало доволно докази кои би укажале дека Џејми треба да одговара за наводно стореното дело.

„По увидот во предметниот материјал, можеме да соопштиме дека нема доволно докази дека господинот Спирс направил прекршок“, стои во соопштението на судот.

Џејми пред неколку недели добил забрана за приближување на децата на Бритни Спирс, поради инцидентот кој се случил на 24 август. Како што пренесуваат американските медиуми, за време на инцидентот Џејми се расправал со внукот, а малиот Шон побегнал во собата ѝ се заклучил. Џејми Спирс наводно ја искршил вратата од собата, го зграпчил 13-годишниот Шон и почнал да го тресе, после што поранешниот сопруг на Бритни побарал забрана на пристап за 66-годишниот Џејми.

Иако момчето немало видливи повреди, поранешниот сопруг на Бритни Спирс и татко на Шон, Кевин Федерлајн проценил дека инцидентот е доволно сериозен за да го пријави во полицијата.

Кевин побарал забрана за негово приближување. Џејми веднаш потоа побарал да биде тргнат од позицијата старател на Бритни Спирс, за како што вели, лошата здравствена состојба.

Џејден, помалиот син на Бритни и Кевин, исто така, бил присутен за време на кавгата на својот дедо и братот, а Бритни по инцидентот веднаш ги однела своите деца дома.

Функцијата старател до јануари 2020 година, ќе ја има долгогодишната менаџерка на Бритни, Џоди Монтгомери.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...