И татко му на Бојан Јовановски, Миле, заврши со распитот пред Основниот кривичен суд во Скопје, како осомничен во новата истрага во аферата „Рекет“.
Пред неколку минути тој си замина од судската зграда, избегнувајќи ги камерите. Камерата на ТВ21 успеа да го улови, но тој само кратко прокоментира дека не чувствува вина и не знае за што е осомничен. Јовановски рече дека не учествувал на состаноци за изградба на домови како дел од Меѓународниот сојуз.
И за него, како и за пратеничката Фросина Ременски и за асистентката на Боки 13-ка, Обвинителството бара мерки на претпазливост.
Наскоро се очекува и одлуката на судот дали ќе ги прифати или не мерките кои ги побара обвинителката Вилма Русковска.
Од новите четворица осомничени во истрагата која се однесува на Меѓународниот сојуз, вчера пред судија на претходна постапка беше спроведена Јасна Мандиќ која доби домашен притвор. Првоосомничен во случајот е Боки 13, кој е исто прв на листата осомничени и во делот за рекетот на Орце Камчев. Таму со него се гонат и Зоран Милески Кичеец и Катица Јанева, а за овој случај Русковска денеска треба да поднесе обвинение.
Фото: Принтскрин Тв 21