Метју Ноулс, таткото на Бијонсе Ноулс, излезе со шокантни тврдења за неговата славна ќерка.
Метју Ноулс во моментот ја промовира својата нова книга „Destiny’s Child: The Untold Story“, во која пишува за лошата одлука што ја донел на почетокот на кариерата на својата ќерка.
– Сè се случи кога Бијонсе беше дел од групата „Дестини чајлд“ – почнал Метју во интервјуто.
67-годишниот менаџер и бизнисмен за забава изјави во интервју дека членовите на групата „Jagged Edge сексуално ги злоставувале Бијонсе и Кели Роуланд кога биле тинејџерки. Ноулс не ги наведува имињата на мажите, но изјави дека сè се случувало во 2000-тите на нивната заедничка турнеја.
– Девојчињата имаа 16, а напаѓачите биле на возраст од 20 и 21 година. Беа малолетни. Морав да ги разделам. Немаше друг начин освен да ги исфрлам момчињата од турнејата. Тогаш започна драмата. Бијонсе и Кели ми рекоа дека двајца членови од групата постојано ги малтретираат – рече тој.
После тешките обвинувања на таткото и менаџерот на Бијонсе, се огласи и групата „Jagged Edge“. Тие тврдат дека се што раскажал Ноулс е лага и дека немаат поим од каде потекнуваат овие информации.