Џон Шиптон, татко на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ги повика властите на Австралија да го вратат неговиот син дома.
– Минситерството за надворешни работи и премиерот на Австралија треба нешто да сторат. Може да се најде решение кое сите ќе ги задоволи. На состанокот на сенаторите објавен е разговор за екстрадиција на Џулиен Асанж – изјавил Шиптон.
Таткото на Асанж изјавил за новинарите дека го шокирал изгледот на неговиот син.
– Имам 74 години, а изгледам подобро отколку тој со 47. Шокиран сум – додал Шиптон, пишува Гардијан.