Таткото и детето биле убиени од блиску

512

Истрелани биле повеќе куршуми од близина во возилото каде вчера беа пронајдени телата на таткото и детето во атарот на селото Слупчане, ќе се врши обдукција, ќе се вештачат подигнатите траги од местото и возилото, соопшти денеска Обвинителството кое извршило увид.

– Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на селото Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило во кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место – се наведува во соопштението на обвинителството.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место кои ќе се вештачат.

– Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и наредба за вршење обдукција на телата на починатите – стои во соопштението на обвинителството.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија, со цел целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...