Татковци и деца – чиј татко бил ментор на синот, а чиј крадел струја?

Дебатата за непотизмот меѓу Заев и Мицкоски се претвори во меѓусебни обвинувања, во кои настрадаа нивните татковци.

2125

Зоран Заев и Христијан Мицкоски, учесници во дуелот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, целосно ја промашија темата за непотизмот. Мицкоски кусо кажа дека уште собираат материјали, а Заев дека се чека на одлуките на Антикорупциската комисија.

Но, наместо тоа, Заев го нападна Мицкоски дека му бил асистент на својот татко Иван Мицковски на Машинскиот факултет и дека кај него магистрирал и докторирал.

Мицкоски потврди дека бил вработен на факултетот во исто време со татко му, но објасни дека бил избран со тајно гласање и додаде дека татко му не учествувал ниту во подготовката ниту во оценувањето на неговите магистерски и докторски трудови.

– Да, во еден момент му помогнав на мојот родител, од кого многу учев. И вие многу сте научиле од вашиот татко, кој беше обвинет за кражба на електрична енергија – возврати Мицковски.

Заев прецизираше дека тоа обвинение било отфрлено.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...