Актерот Сашо Тасевски по веста дека Апелацискиот суд му ја намалила по вторпат затворската казна на пијаниот возач кој ја усмрти студентката Фросина на пешачки премин кај Универзална сала реагира на Фејсбук.
Кривичниот суд прво го осуди на 6 и пол години затвор. Апелацискиот суд ја поништи пресудата и го врати судењето од почеток.
На второто судење возачот беше осуден на 4 години затвор, а Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на три години.