Таравари: Чувствувам одговорност како градоначалник за удавената девојка, но наследивме трло од 400 кучиња

1009

Во врска со трагичниот настан кој се случи синоќа во Гостивар, при што 17 – годишната Џехја Меџити од село Здуње, според првичните информации, бегајќи од куче скитник паднала во водите на реката Вардар и се удавила, градоначaлникот на Гостивар Арбен Таравари на семејството на починатата им изрази сочувство и се изјасни во врска со настанот, соопшти Општината.

Таравари рече дека ваков трагичен настан имал во потесното семејство и оти знае како се чувствува семејството на девојчето кое вчера починало.

– Чувствувам целосна одговорност како градоначалник да објаснам дека во нашиот мандат, наследивме трло од 400 кучиња кои можевме да ги изброиме само во Гостивар, а нивниот реален број сигурно бил многу поголем. Собиравме колку што можевме надминувајќи ги и можностите за згрижување, опериравме 50 и вакцинирацме 100 кучуња. И се придружив на ветеринарната екипа за да им помогнам. Изразувајќи им најискрени сочувства на семејството на девојчето, како брат кој по вторпат ја изгуби својата сестра, би замолил да не влегуваат во политички драми оние кои воопшто не ги засега болката на семејството или на оние кои биле погодени од вакви несреќи. Не сум навикнат да нѐ сносам одговорност, но според математиките на нашата екипа затекнавме 1 куче на метар квадратен. Ако се откажеме, покажуваме нула одговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет – рече Таравари.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...