Таравари: Откако Беса влезе во коалиција со СДСМ, нивните гласови и припаднаа на Алијансата

2058

Алијансата за Албанците на централно собрание на 11 март ќе ги претстави  кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Едно е сигурно, дека во шестата изборна единица Зијадин Села ќе го победи Али Ахмети, изјави денеска генералниот секретар и шеф на централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Според него, сите места во изборните единици кои претходно и припаѓаа на Беса, сега „по дифолт“ и припаѓаат на Алијансата за Албанците, откако Беса потпиша договор за коалиција со СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...