Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари отворил паралелка во училиште во селото Форино на кое, спротивно на законот, стои табла испишана само на албански јазик, а од Државниот инспекторат за локална самоуправа засега се во длабок сон и нема никакви реакции, ниту најави за отстранување на незаконски поставената табла.
Оваа информација Таравари ја објави на својот профил на фејсбук.