Таравари: Одлуката на министерот Адеми е чисто политичка

135

При последното разрешување и именување на директори од страна на градоначлалникот Арбен Таравари, не се поврдени процедурите и одлуката на министерот за образоивание е чисто политичка, рече на прес конференција Аслиан Снопче, раководителката на Секторорт за јавни дејности во општината.

– Одлуката за oдземање на надлежностите по вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка одлука. Државниот инспекторат за образование, по увидот во основните училишта, утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од општина Гостивар не се објавени врз основа на законот, значи во три дневни весници, туку само во два – рече Снопче.

Таа извести дека поради тоа Таравари донел решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапил и министерот кој сега донел одлука за одземање на ингеренциите.

– И од Државниот управен инспекторат беше констатирано дека при поништувањето на решенијата, градоначалникот на Гостивар секогаш постапувал според законот и не констатира прекршок – рече Снопче.

Таа додаде дека Општина Гостивар, „знаејќи ги целите на министерот за образование“ го информирала премиерот Заев и амбасадите на седум највлијателни држави во земјава.

– Ова се доволни аргументи, за кои на увид ви доставуваме и документација, дека одлуката е чисто политичка – вели Снопче.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...