Таравари: Немало поголем скандал во здравството, таман е за оставка на Филипче

1251

 Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, како гостин на ТВ Алфа, изјави дека здравството сега се наоѓа во позиција во која вториот човек во ресорот нема никаква информација за тендер кој е вреден повеќе од 35 милиони евра.

Во текот на гостувањето Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкета минатата година Министерството за здраство били на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега се наоѓало на трето или четвро место од долу на листата.

Таравари истакна дека оставиле министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.

-Ова  е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, изјави Таравари.

Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...