Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на својот профил на Фејсбук обзнани нова афера поврзана со работата на ДУИ.
„СКАНДАЛ!!!
Ужас во основното и средното образование во Гостивар!
Партискиот курир им наредува на директорите на училиштата!
Сето тоа во координација со министерот за образование!
Уште поголем ужас!!! Училишни документи во 10.00 часот да бидат во седиштето на ДУИ!
Го испразнија градот од младите, ги испразнија училиштата од учениците, сега ќе ги заменат професорите и наставниците со партиски војници на ДУИ!
Па така бре не било дури ниту во комунизмот!!!“, пишува тој.
Таравари објави и мејл преписка помеѓу вработените во образовните институции во општина Гостивар и Башким Хасани, лице од општинската организација на Гостивар од ДУИ во која стои:
„Почитувани прифатете го барањето кое ви го пратив на атач (барање архивирано на дата 03.09.2018) со податоци од вашето училиште, сменете ги податоците од барањето со податоците од вашето училиште, во оригинал и копија ке ми ги дадете потребните документи за замени за пензионирање и болнички отсуства ако имате такви случаеви.
Документите кои треба да ги имате заедно со барањето:
-Табела со придружно писмо кое се споменува во барањето.
-Известувањето бр. 12-10060/1 на министерството го имам.
-Копиите од барањата што претходно сте ги испратиле во општина ги немам, треба да ми ги обезбедите.
Потребните документи треба да ми ги обезбедите до утре до 10:00 ќе бидам во седиштето“, е мејл преписката што ја објавува Таравари.