Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 ја обвини ДУИ дека вработувала паразити во администрацијата и рече дека една од целите на Алијансата на Албанците на изборите е да ја делегитимираат ДУИ.
– Имам 60 вработени во општината кои се паразити на ДУИ, ништо не работат и земаат плата. Овие феномени на Албанците им се дојдени преку глава. Ние сме сконцентирани на прв круг, првата цел ни е Река да оди во втор круг, и втората цел ни е да ја делегитимираме ДУИ која тежи 40-50 илјади гласови – рече Таравари.