Се обидовме ние со Беса и со Алтернатива да направиме коалиција, но не ни успеа, истакна градоначалникот на Гостивар од Алијасната за Албанците, Арбен Таравари, пренесе „Локално“.
– Бујар Османи треба да биде радосен, Ахмети 4 години бараше да има само 2 албански блока. И сега е така, Алијанса за Албанците и ДУИ. Сега е битката помеѓу нас. После изборите време е Ахмети да замине во пензија. Ние Албанците, сме уморни да бидеме заложници на еден политичар кој е рѓосан. Нас ни е целта да го победиме ДУИ, и со оваа комбинација сигурно ќе го направиме тоа – изјави Таравари.
Во однос на коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, Таравари вели дека тоа е сосема легитимно, но засега Алијансата за Албанците смета дека не е време за коалицирање.
Целиот текст ТУКА.