Сопругот на пратеничката Мирсада Емини-Асани, од ДУИ, е назначен за директор на средното техничко училиште во Гостивар, пишува на Фејсбук градоначалникот, Арбен Таравари.
„Денеска е 5-ти ден од кампањата за претседателски избори, и „реформскиот“ министер на ДУИ назначува уште еден директор во средното техничко училиште во Гостивар, сега сопругот на пратеничката на ДУИ! Феноменот НЕПОТИЗАМ! Законите не важат за ДУИ!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.