Генералниот сектерат на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, се огласи по третото продолжение на снимките за аферата „Рекет“.
„Оваа Влада веќе нема никаков кредибилитет, барем на крај да направат еден рационален потег, што побргу да назначат Експертска (техничка) влада и да организираат предвремени парламентарни избори! Со оваа Влада, не верувам дека ќе има датум за почеток на преговори со ЕУ“, напиша Таравари.