Тапанарот на Парни Ваљак пијан и дрогиран прегазил пешак, сега вели „тоа беа несреќни околности“

776
ФОТО: Роналд Горшиќ / Кропикс / Јутарњи

Поранешниот тапанар на Парни Ваљак, Дражен Шолз е обвинет дека пијан и под влијание на опијати прегазил пешак на зебра, а потоа побегнал. Три дена подоцна, пешакот починал.

– Тоа беа несреќни околности. Не сум виновен за ниту едно дело за кое сум обвинет – изјавил 57-годишниот Шолз.

Претходно тој рекол дека се разбудил околу 3 часот наутро, се напил пиво и тргнал да купи цигари. По патот, во возилото качил и негов познајник.

– Се чувствував способен за возење. На местото на несреќата во еден момент почувствував како нешто удри во десниот дел од автомобилот. Како некој да ми фрли торба. На внатрешниот ретровизор не видов ништо па продолжив да возам. Мојот сопатник гледаше во мобилниот телефон, па ни тој не забележа ништо. Подоцна пеш се вратив на местото и видов повредено лице. Сфатив што се случило, но не останав таму. Кога собрав храброст, ја повикав полицијата – рекол тој.

Тапанарот негирал дека го видел пешакот како ја преминува зебрата, односно „мисли дека видел нешто црно, можеби силуета, но во тој момент ништо не можел да направи“.

Тој додал дека доколку бил свесен дека удрил човек, би застанал. Според неговите зборови, возел околу 50, 60 километри на час.

Со вештачење било утврдено дека обвинетиот бил напиен и дека конзумирал состојка која ја има во кокаинот, пренесува „Јутарњи“.

Судски вештак рекол дека со возење 50 километри на час, Шолз би можел да го види пешакот на патот.

ФОТО: Роналд Горшиќ / Кропикс / Јутарњи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...