Тамара Тодевска ќе настапи на првата Парада на гордоста, која треба да се случи идниот викенд во Скопје.
Таа преку Твитер соопшти дека е горда што ќе пее на 29 јуни. Настанот ќе почне во „Жена бopeц”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници.
За забавата покрај Тамара ќе настапат и други естрадни уметници и неколку диџеи.