Тамара Тодевска со Достоинство ќе пее на Евровизија во Тел Авив

648

Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија во Тел Авив со песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Ова е одлучено од консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година.

Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.

Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...