Тамара најдобар годинашен женски евровизиски вокал

572

Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.

Во категоријата за најдобра песна, наградата и припадна на победничката „Аркада“ во изведба на Данкан Лоренс од Холандија.

Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.

Норвежаните „КЕИНО“ се прогласени за најдобра група.

Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...