Тамара и УНИЦЕФ со тинејџерите кои се закитија со признание за иновација против насилството

75
FOTO MIA

Децата и менторите кои учествуваа на натпреварот за националниот младински предизвик, заедно со УНИЦЕФ и Тамара Тодевска, претставничката на Евровизија 2019, го прославија успехот на тинејџерите од Северна Македонија кои добија глобално признание за нивната иновација против насилството.

Победничкиот тим – „АндроМета“ – ќе добие експертско менторство и почетна финансиска поддршка од 20.000 американски долари за да го финансираат проширувањето на својата иницијатива – мобилната апликација “Speak Out”, која е дизајнирана за да гради заедница за поддршка на жртвите од врсничко насилство.

– Се зборува за „АндроМета“. Другите деца и тинејџери се распрашуваат како може и тие да учествуваат на следниот младински предизвик. Всушност најдобриот можен резултат од светскиот успех на овој тим е токму тоа – инспирацијата што ја даваат на други млади луѓе за да се вклучат и преку соработка да решат некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација и да создадат подобар свет за себе,  рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Тамара истакна дека нејзината евровизиска песна е за секој што верува во себе и ја прифаќа својата посебност и затоа е, вели, многу горда што денес имам можност да дадам поддршка на „АндроМета“ и на нивната иницијатива против врсничкото насилство.

-Верувајте во своите способности и прифатете го со радост својот потенцијал! Тогаш ќе може да направите промена, дури и чудо, рече Тамара Тодевска.

На церемонијата на доделување сертификати на учесниците, што се одржа вчера присуствуваа претставници од приватниот сектор кои се потенцијални спонзори на следните иновативни младински иницијативи и претставници од дипломатскиот кор.

Младинскиот предизвик е дел од глобалната иницијатива Generation Unlimited, која ја промовираа светските лидери вклучувајќи го генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и извршниот директор на УНИЦЕФ Хенриета Фор и има за цел сите млади на возраст од 10 до 24 години да добијат образование, обука и работа до 2030 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...