Ќе гласам ЗА европска Македонија, за држава во која ќе можеме европски да живееме, а не да тежнееме да одиме во Европа. Во различни периоди имало прашања што не делеле или пак сме имале различни ставови, членството во НАТО и ЕУ, ќе биде кохезијата, не само меѓуетничката туку и меѓупартиската, меѓуопштествената и меѓуверската кохезија за заедничка перспектива“, рече Талат Џафери, претседателот на Собранието денеска на маршот во Скопје.
Длабоко сум убеден, нагласи Џафери, дека ние ќе бидеме уште посреќни по 30 септември, а часовникот на историјата ќе тропне и на совеста на оние што без некоја рационална причина се двоумат да кажат Да на евроинтеграциските процеси на земјата.