Собранискиот спикер, Талат Џафери, ја омажи ќерка си Бесијана. Таа и нејзиното момче Лабинот Беќири, со кого била во врска неколку години, се венчаа вчера, па направија веселба во еден познат гостиварски ресторан.
За најважниот ден во животот Бесијана избра раскошна венчаница, со потпис на познат дизајнер.
Свадбената прослава започна пред неколку дена, а младенците ги следеа традиционалните обичаи, ама направија и модерна веселба.
Највесел на свадбата бил собранискиот спикер, кој скоро цела вечер играл.