Талат Џафери, претседател на Собранието е повикан во Основното јавно обвинитеството (ОЈО) на 4 декември каде што ќе треба да даде исказ за настаните на 27 април кога беше избран за собраниски спикер, а во врска со отворена истрага според пријава на битолско граѓанско здружение.
Освен Џафери, покана од обвинителството добиле и пратеници кои учествувале на собраниската седница на 27 април.
Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание. Истрагата е поттикната по повеќе од една година од пријавите што ги доставило битолското здружение, а кое бара да се истражи дали на 27 април во законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA