Таксистот Љ.С. (37) од Скопје синоќа во 1.30 часот во полициската станица Гази Баба, пријавил дека околу 1 часот по полноќ бил физички нападнат од три непознати лица на улицата „519“.
Љ.С., такси возач, добил дојава да земе патници од улицата „519“ во населбата Керамидница. Кога пристигнал ги прашал дали се тие лицата што повикале такси и бил физички нападнат.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.