Така зборуваше Свети Кирил

Оставете ги светите браќа, нека си почиваат во мир. На шопинг во Рим може да се оди и по друг повод. Океј, денот на светителите е добар повод за политички дијалог, но, тоа може да биде и некој рок концерт, опера или фудбалски натпревар. Какво чествување!?

1872

Оставете ги светите браќа, нека си почиваат во мир. На шопинг во Рим може да се оди и по друг повод. Океј, денот на светителите е добар повод за политички дијалог, но, тоа може да биде и некој рок концерт, опера или фудбалски натпревар. Какво чествување!? Парада на политичките манекени, колекција пролет- лето. И по илјада години Македонците и Бугарите се тресат пред писменоста и знаењето како пред опасност која може да им ги затрупа шармантните дупки на реалната неписмемост и некултура.

– Заминаа ли – ме праша некој што на мобилниот се претстави како Свети Кирил.

– Кои – го прашав- кои дали замимале!?

– Бугарите и Македонците- појасни светецот.

– Да-му реков- нема жива душа, ако мислиш на гробот.

– Да – одговори Кирил- секоја година кога тие ќе тргнат да се лигават врз мојата плоча, јас бегам во првата пицерија, годинава се преждрав, ми иде да си прилегнам малку, затоа прашувам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...