Убава е, млада, згодна и има сè што ќе посака. Оваа украинска убавица живее мошне неконвенционален живот.
Нема сомнение дека 21-годишната Јана Орфева е многу атрактивна девојка.
Оваа млада манекенка заработува огромни пари, што и овозможува луксузен живот. Всушност, луксузот ѝ го овозможува тоа што му е љубовница на саудискиот принц.
Јана последните две години живее на овој начин, а од парите што ги заработува ќе ви заврти во глава. Таа дневно заработува 4.000 фунти, односно 30.000 фунти неделно.
И покрај многуте пари кои ги добива, саудискиот принц, кој е мултимилијардер, ѝ подарува и скапи подароци, скапоцени автомобили, но и луксузни патувања.
И тука не е крајот на подароците на принцот. Тој на Јана неколку пати ѝ подарил повеќе од 115.000 фунти, а убавицата од тие пари купила луксузни станови во Киев и Москва.
Пријателите на Јана велат дека убава и добра, но и разгалена. Активна е на Инстаграм, каде има повеќе од 70.000 фанови, кои секојдневно ги известува за деталите од својот луксузен живот.