„Таа барем се обиде“, одговорила Меркел на прашање што се надева децата ќе читаат за неа по 50 години

839
ФОТО: EPA / JENS KOEHLER

Германската канцеларка Ангела Меркел на настан била прашана што се надева дека децата ќе читаат за неа во книгите по историја по 50 години.

По неколку секунди, Меркел со насмевка одговорила:

– Таа барем се обиде.

Публиката се насмеала и аплаудирала за нејзиниот одговор, пренесува „Политико“.

Меркел била прашана и за нејзините планови во иднина.

– Ќе останам политичка личност, но нема да имам активна политичка канцеларија – бил нејзиниот одговор.

ФОТО: EPA / JENS KOEHLER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...