ОБНОВЕНО Велосипедист удри во џип на Трета македонска бригада ФОТО

1659

На булеварот Трета македонска бригада во близина на поликлиниката „Пролет“, настрада велосипедист. Несреќата се случила кога возилото сакало да влезе во едно од складиштата кои се во непосредна близина.

Според кажувањето на возачот, во моментот кога сакал да влезе во дворот, оттаму излегувал камион, при што ја намалил брзината и кога заминал камионот што го пропречувал видикот, велосипедистот удрил директно во автомобилот.

На местото на несреќата е пристигната полициска екипа, а велосипедистот во возило на Брза помош е однесен во Ургентен центар.

Засега не може да се каже со какви повреди се има здобиено, за повеќе информации подоцна од извештајот на МВР.

ОБНОВЕНО Според последните информации, медицинските испитувања покажале дека велосипедистот не е повреден и дека е пуштен дома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...