Семкарницата во објектот на СЈО на фирмата „Чеза комерц“, која се затвори и потоа под наем била дадена како помошна просторија за истражување на економски криминал од страна на обвинителството, месечно за кирија добивало од Катица Јанева по 101.700 денари, објави СДК.
Според официјалните податоци, просторијата била земена од СЈО на 14 јули 2017 година. Вкупно Јанева за кирија на „Чеза комерц“ годинава исплатила 13.000 евра.
„Но, откако поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е во притвор и СЈО нема веќе потписник на сметките, на „Чеза комерц“ веќе не ѝ се исплаќа кирија, како што впрочем во СЈО не се исплаќаат ни плати, ни сметки за струја, вода, парно, телефони, интернет… Пред десетина дена, од компанијата стигнало барање во просториите на ова обвинителство, не само да им се исплати долгот, туку и просторијата (бившата семкарница), да им биде вратена во првобитната положба“, пишува СДК.