Специјалното јавно обвинителство (СЈО) утре ќе поднесе барање за продолжување на домашните притвори за осомничените во предметот „Империја“, меѓу кои се и Сашо Мијалков и Орце Камчев.
Останатите осомничени кои се со иста мерка се: Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. За сите ќе се бара продолжување.
Осомничените првично се наоѓаа во притвор во затворот во Шуто Оризари, а во деновите пред Нова година, беа пуштени во домашен притвор.
Во „Империја“ опфатени се вкупно 13 лица, а делата за кои се осомничени се: Злсторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и др.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI