СЈО се откажа од гонење на новинарот Божиновски за издавање на државна тајна

664

Новинарот Зоран Божиновски е ослободен од гонење за кривичното дело издавање на државна тајна во случајот ,,Шпион”, соопштија од Кривичниот суд на денешното рочиште.

Вакво барање поднело СЈО според кое барањето за екстрадиција на Божиновски од Србија во земјава било за низа кривични дела, но не и за издавање државна тајна, дело кое како клучно било наведено во обвинителниот акт. За ова дели немало никакво објаснување.

Поради ваквата одлука судскиот процес од денеска стартува од почеток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...