Специјалното јавно обвинителство излезе со соопштение во кое, како што наведуваат, ѝ појаснуваат на јавноста за притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.
„Ѝ појаснуваме на јавноста дека опасноста од бегство кај двајцата обвинети е констатирана од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со Решенијата донесени уште на 2-ри јули 2017 година кога на обвинетите им се определени мерки на претпазливост – одземање на патните исправи за преминување на државната граница и дипломатските патни исправи, како и обврска истите да се јавуваат секој работен петок во судот“, наведуваат од СЈО.
На предлог на СЈО, потеницраат оттаму, Кривичниот совет имајќи ги предвид сознанијата дека обвинетите планираат бегство како околности кои укажуваат на основана опасност за нивно бегство, констатира дека целите на мерките за обезбедување на присуство на двајцата обвинети во текот на постапката за „Титаник“ не можат да се постигнат со дотогашните определени мерки на претпазливост.
Од ие причини, од судот се донесени одлуките за изрекување на мерка притвор за двете лица, како неопходна мерка за непречено водење на кривичната постапка и обезбедување нивно присуство.