СЈО од денеска ќе ги предава предметите на Јовески

342

Од денеска треба да почне трансферот на предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство.

Вчера од СЈО соопштија дека се подготвени веднаш да ги предадат предметите по кои постапува со сите списи и докази.

Начинот како ќе се преземаат предметите е веќе договорен, а денеска само треба да се утврдат техничките детали.

И републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вчера во изјава за ТВ24 рече дека предавањето треба да почне денеска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...