Специјалното јавно обвинителство донело решение за непреземање на кривично гонење на обвинетиот Звонко Костовски, за кривичното дело „неовластено прислушување и тонско снимање“. Ова е наведено во во шестиот шестмесечен извештај за сработеното на Обвинителството.
Со поднесок од јули годинава доставен до кривичниот суд, СЈО ја повлекло предлог-спогодбата од 2015 година за обвинетиот Звонко Костовски за кривичното дело „неовластено прислушување и тонско снимање“.
На 15.8.2018 година шефицата на СЈО, Катица Јанева, донела наредба за запирање на истражната постапка спрема Костовски и за кривичното дело „насилство кон претставници на највисоките државни органи“. Со наредбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е спроведена истражна постапка против обвинетиот и за кривично дело „насилство кон претставници на највисоките државни органии“, а со склучувањето на предлогспогодбата од 2015 година, не е донесена никаква јавнообвинителска одлука.
Претходно Врховниот суд одлучи да ја укине спогодбата во предметот „Пуч“ што ја склучи Звонко Костовски за делото „Шпионажа“ и предметот го врати на повторно одлучување.