СЈО и Јанкулоска ќе ги кажат завршните зборови за „тоа на М“

323

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе се одржи рочиште за предмет „Тенк“ на СЈО во кој обвинета е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а се однесува на набавката на блиндираниот мерцедес од речиси 600.000 евра.

Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. Како што е наведено во обвинителниот акт, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.

Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор.

Апелацискиот суд Скопје одржа јавна седница по жалбите за првостепената пресуда за Груевски и Поповски, но одлука сѐ уште не е донесена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...