СЈО и судот да размислат за Јанкулоска и Јанакиески кои се на слобода

2056

По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, СЈО и судот треба сериозно да размислат и за останатите лица кои се обвинети и осудени, а кои се на слобода како Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во емисијата „Само Вистина” телевизијата Канал 5.

Тој посочи  дека осудениот Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија и да си ја одлежи затворска казна.

– Единствено што сметам дека е исправно е Груевски да биде екстрадиран и да се одбие барањето за азил. Тоа се очекувањата на сите граѓани. Дали Унгарија треба да е држава која ќе прима криминалци од високи структури на власта. Ова треба да биде сериозна опомена до обвинителството и судот, и МВР. Ги имаме и Јанкулоска и Јанакиески кои се исто така на слобода – рече Спасовски.

Министерот демантира дека постои договор со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако имаме договор со било кој можевме да се договараме и можевме да имаме полесно трансферирање на власта, а немаше да се случи ни 27 април, додаде министерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...