СЈО има предистрага за Диво Насеље, но нема „бомби“

620
20160212 Friday katica janeva

Утре се навршуваат четири години од настаните во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015, случај за кој се најавуваше и очекуваше дека можно е да го преземе СЈО, но шефицата на оваа институција, Катица Јанева, денеска изјави дека досега не пронашле „бомби“ за овој предмет.

– Има индиции во делот на тоа што и како се случувале кумановските настани, но сепак СЈО нема најдено разговори за да може да воспостави надлежност врз тој предмет. Се работи предистрага, но ќе биде многу тешко да се каже дали воопшто ќе се преземе тој предмети – рече Јанева одговарајќи на новинарско прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...